X
 23.03.2020 Здравје

22 новозаболени, бројот на заразени со коронавирус порасна на 136

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на заразени со коронавирус во земјата. По градови бројот на регистрирани е следен: Скопје -15, Дебар - 4, Куманово - 2 и Охрид - 1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:  
- Скопје (81) -  од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје
- Дебар (40) -  од кои 1 починат
- Штип (7)
- Куманово (3) -  од кои 1 починат
- Кавадарци (2)
- Охрид (2) - од кои 1 лице е од Скопје, а е во изолација во Охрид  
- Гостивар (1).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје