X
 23.03.2021 Култура

Сцените во „Мандалориецот“ пред и по додавањето на визуелните ефекти

„Војна на ѕвездите“ отсекогаш бил препознатлив по визуелните ефекти, а серијата „Мандалориецот“ успеа и да ги надмине очекувањата на обожавателите во овој поглед. Серијата беше наградена со „Еми“ во категориите за визуелни и звучни ефекти, кинематографија и музика, меѓу другото.

Сега може да видите како се одвива магијата. Студиото „Индастриал лајт енд меџик“ на Џорџ Лукас неодамна објавило видео од процесот на продуцирање на втората сезона на „Мандалориецот“. Во видеото се прави споредба на кадрите искористени во серијата пред и по додавањето на визуелните ефекти.


Студиото минатата година објавило и видео во кое открило како ја снимило првата сезона со помош на огромен екран пред кој се снимале сцените.


Автор: Елен Гутоски
Извор: mentalfloss.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура