X
 23.04.2016 Образование

Три основни правила за воспитување креативно дете

„Доколку сакате да воспитате креативно дете, мора да го научите да размислува независно“, вели Адам Грант, наставник, татко и автор на книга во областа на психологијата. Тој има некои основни принципи кои би требало да бидат следени од секој родител кој сака своето дете да го воспита да порасне креативно и талентирано.

Пофалете го детето, не тоа што го прави

Кога вашата ќерка ќе нацрта слика, не велете „Колку убава слика е тоа!“ Наместо тоа, кажете ѝ: „Леле, ти си вистински талент“. Ова ќе ѝ помогне да сфати дека е талентирана и уникатна и ќе ги подобри нејзините вештини. Важно е на рана возраст децата да мислат дека она што го прават е добро. Така, кога ќе пораснат нема да ја изгубат креативноста.

Без многу правила

Пред повеќе години, истражувачи од Бостонскиот колеџ откриле дека родителите на просечните деца имале просечно шест правила секојдневно, додека просечниот број на правила во семејствата на надарените деца бил помал од еден. Доколку го ограничувате детето со правила, тоа веројатно ќе има проблеми со решавање на своите проблеми во иднината. Тие ќе бараат традиционални методи наместо да размислуваат за креативно решение.

Дискутирајте со децата

Кога родителите и децата дискутираат, децата имаат право да го докажат своето мислење и да се обидат да најдат начини да решаваат проблеми заедно, што води до желбата да се биде самостоен и да се има поголем успех, пишува „Брајтсајд“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование