X
 23.04.2017 Наука

Децата лесно го учат јазикот што го слушнале како мали бебиња?

Сите светски јазици се сотојат од околу 800 звуци, а секој од нив користи околу 40-тина фонеми според кои разликуваме еден јазик од друг. Фантастичните бебиња имаат способност да ги разликуваат сите 800 звуци!

Кога бебињата учат да зборуваат, нивниот мозок учи како да ги разликува звуците, го вежба движењето на устата и ги запомнува зборовите. Новото истражување покажа дека мозокот е уште поспособен отколку што се сметало. Тестирани биле лица кои пораснале во Холандија, а како бебиња биле усвоени од Јужна Кореја. Се покажало дека родените Холанѓани не можеле да разликуваат три корејски звуци еден од друг, затоа што сите им звучеле како гласот „Т“,  додека  лицата родени во Кореја немале таков проблем – иако никогаш не го зборувале тој јазик.

Иако порано се мислеше дека децата почнуваат да го учат јазикот на возраст од шест до осум месеци, сега се смета дека почнуваат да учат од самото раѓање. Според некои, дури и пред тоа. Имено, научниците истакнуваат дека мајчиниот глас е она што бебињата најчесто го слушаат пред раѓањето. Кога ќе се родат, не само што можат да го разликуваат мајчиниот глас од останатите, тие можат да го разликуваат и својот мајчин јазик.

Малите деца можат да го научат кој било јазик на кој се изложени. Билингвалните деца заради таа причина немаат проблем паралелно да совладуваат два дури и три различни јазици. Иако понекогаш вметнуваат зборови од еден во реченици од друг јазик, тие во својот мозок сложуваат мозаик. Со текот на времето го учат јазикот кој најчесто го користат, што им е мајчин, а во другите прилики без проблем можат да комуницираат на друг јазик со други лица.

Во опкружување каде што се изложени само на еден јазик, децата околу првиот роденден ја губат способноста да ги чујат фините разлики во звуците од различните јазици. Снимајќи го мозокот на две 11-месечни бебиња, од кои едното е од англиско говорно подрачје а другото од дом каде се зборува на англиски и на шпански јазик, научниците пронашле значителни разлики. Кај првото бебе мозокот реагирал само на англиски зборови, додека кај второто бил поактивен и реагирал на двата јазици.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука