X
 23.04.2017 Култура

Најопасната патека во светот

Храмот на врвот на планината Хуа Шан нуди освежување и одмор за сите посетители кои го преживуваат најопасниот пат во светот.

Се наоѓа на најјужниот врв на Хуа Шан планината во Кина. Храмот за будисти и таоисти нуди освежување за сите кои ќе успеат да се качат на врвот, а патеката до таму се смета за најопасната во светот.


Фото: YouTube

На планината Хуа Шан има 5 врвови и на секоја од нив има по еден храм поради тоа што планината има значајна религиозна важност со векови. За да се стигне до најјужниот врв и до храмот кој се наоѓа таму, првин мора се поминат „Небесните скали“ кои се толку стрмни што само еден погрешен чекор може да Ве однесе назад.

Поради зголемување на посетите во последниве години, кинеската влада ги презеде неопходните мерки овој врв да го направи побезбеден така што изградила потпора од дрвена платформа и соѕидала повеќе синџири за кои посетителите ќе се придржуваат. И покрај тоа секоја година одреден број посетители умираат на оваа вртоглава стаза. Тие кои успеваат до крајот, ја испиваат својата шолја чај во храмот на врвот.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура