X
 23.04.2018 Забава

Место за стоење во авионите?

Руската нискобуџетна авиокомпанија „Победа“ ја разгледува можноста за воведување места за стоење во своите авиони, соопштија од компанијата.

- Го разгледуваме воведувањето патнички кабини, што би ја зголемило ефикасноста и би придонело во продажба да има што повеќе евтини карти - истакнаа од компанијата, чија флота моментно е составена од 18 „боинг 737-800“ и планира да го зголеми бројот на леталата на 30.


 
Деновиве британските медиуми известија дека италијанската компанија „Авиоинтериорс“ исто така го разгледува воведувањето места за стоење, така што покрај вообичаените седишта, би се монтирале вертикални потпирачи со плитко седиште и два потпирачи за раце. Седењето на таквиот потпирач е невозможно, на него може само да се потпрете.

Производителот на потпирачите наменети за местата за стоење во авионите тврди дека нивните потенцијални купувачи ќе го унапредат разместувањето на патниците и истакнува дека тие се двапати полесни од класичните седишта и дека со нивната употреба авионите би можеле да пренесуваат за 20 отсто повеќе патници.

Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава