X
 23.05.2017 Наука

Најголемиот мит поврзан со интелигенцијата

Дали некогаш сте се запрашале зошто генијалецот од вашиот клас во средно не ја води земјата, туку е заглавен во канцелариска работа?

Се воспоставува дека вашиот коефициент на интелигенција не е толку важен индикатор за успех. Барем така тврди психологот Ангела Дакворт.

Според неа, тајната на успехот е упорноста и храброста/ Дакворт поминала години проучувајќи ги луѓето, за да открие дека „напорната работа го победува талентот кога талентот не работи напорно“.

Таа објаснува дека не е академското знаење или IQ добар индикатор за успех во иднината, туку комбинацијата од страст и упорност направиле човек да успее.

Со еден збор, тие биле храбри.

Освен што биле доволно истрајни и вредни, тие имале страст која е неопходна за да продолжат кога се соочувале со катастрофа. Според зборовите на Мајли Сајрус: „Не е она што чека на другата страна туку искачувањето“.

Дакворт откри дека патот до успехот е исто толку важен колку и резултатите. Дури и ако некои работи кои успешните луѓе морале да ги направат биле досадни, фрустрирачки, па дури и болни, тие не сонувале да се откажат. Нивната страст била долгорочна.

„Талентот е колку брзо ги подобрувате вештините кога вложувате напор. Достигнувањето е она што се случува кога ќе ги искористите вашите стекнати вештини“, вели Дакворт додавајќи дека напорот е поважен од талентот или вештината.

„Би сакала да го редефинирам зборот гениј. Мислам дека повеќето луѓе го користат зборот гениј кога некој има интелектуална дарба која е далеку поголема од онаа што повеќето луѓе ја имаат за одредена област или во музиката, математиката и слично. И со таа природна способност, тие ќе нè надминат нас. И потоа користат од листата на генијалци како Моцарт и Ајнштајн.

Сакам да го дефинирам терминот гениј како нешто што не нужно лесно, туку всушност, нешто во кое се реализираш себеси, за разлика од нешто што ни е дадено“, вели таа.

Како да станете храбри?

Дакворт вели дека храбрите луѓе имаат четири особини: интерес, пракса, цел и надеж. Време е да започнете да работите на нив.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука