X
 23.05.2020 Економија

Најважните елементи кои треба да ги имате во професионалната биографија

Добрата професионална биографија може да ви ги зголеми шансите за вработување. Неодамнешна анализа во кое биле анализирани над 133.000 професионални биографии од платформата за вработување „Зети“ открива дека повеќето од успешните биографии се персонализирани, содржат клучни зборови и релевантни вештини и имаат дел за „дополнителни активности“.

Добрата професионална биографија може да ви го гарантира вработувањето, додека лошата може да остане на дното, под сите останати апликации. Добрата биографија може и да го подобри движењето на вашата кариера. Но, треба да имате и трпение. Податоци од „Зети“ покажуваат дека кандидатите испраќаат од 30 до 50 професионални биографии пред да се вработат. Според анализата, ова се некои од најчестите елементи на успешните професионални биографии.


Фото: Pixabay

Персонализирана професионална биографија

Полесно е да аплицирате со една професионална биографија на повеќе места, но подобро е да создавате професионална биографија според секое работно место за кое се пријавувате. Според анализата, кандидатите најчесто прават една професионална биографија за една апликација за работа. Според платформата, 63% од работодавците сакаат да видат професионална биографија која одговара не позицијата, а не е генерална.

Користете клучни зборови

Големи се шансите дека професионалната биографија ќе помине низ систем за вработување пред да стигне до работодавачот. Клучните зборови им помагаат на фирмите да ги одберат најдобрите професионални биографии кои треба да бидат детално разгледани. Според „Зети“, најчестите клучни зборови се поврзани со програмски јазици, но и придавки како „визуелен“, „веб“ и „мобилен“.


Фото: Pixabay

Соодветни вештини

Таканаречените „меки“ вештини се потребни. „Зети“ открива дека кандидатите се фокусираат на вештини како комуникација, водење, менаџирање со време, решавање на проблеми, услуги за корисници, тимска работа, адаптирање, организирање, креативност и решавање на конфликт. Во 11% од професионалните биографии имало наведено комуникациски вештини.

Дополнителни активности

Делот за дополнителни активности може да ви помогне да се издвоите од другите кандидати. Според „Зети“, 31% од професионалните биографии имаат дел за познавање странски јазици, а 27% имаат дел за сертификати. Доколку имате сертификат во вашата индустрија, ќе имате предност од околу 73% пред останатите кандидати, според „Зети“.

Извор: businessinsider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија