X
 23.05.2022 Култура

„Нетфликс“ најави серија според популарната игра „Притаено зло“. Еве го и трејлерот

Многу гејмери го обожаваат серијалот „Притаено зло“ (англ. Resident evil). Но, кога станува збор за филмовите и сериите инспирирани од игрите, тоа е друга приказна.

По не толку обожаваниот филм, „Нетфликс“ најавува и серија инспирирана од игрите, а веќе го има и трејлерот за истата. Серијата треба да биде достапна на „Нетфликс“ на средината на јули.

Според она што го покажува трејлерот, серијата би можела да им се допадне на фановите на апокалиптички серии.

Премиерата на серијата е закажана за 14 јули.


Извор: Srednja
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура