X
 23.06.2020 Живот

Ковид-19 и невработеноста - најголеми грижи на светското население

Бројот на луѓе низ светот што во мај биле загрижени за невработеноста се наоѓал на највисоко ниво во последниве пет години, покажува глобално истражување од „Ипсос“. Најголем број од луѓето сепак најмногу биле загрижени за Ковид-19 во мај.

Невработеноста е втора најголема грижа за луѓето низ светот, но се наоѓа на првото место во шест земји. Најмногу луѓе што се грижат за невработеноста живеат во земјите што беа најтешко погодени од Ковид-19. Во Шпанија 66% од испитаниците изјавиле дека невработеноста им е најголема грижа. По Шпанија следува Италија со 65%.


Фото: Ipsos

На глобално ниво, 42% од испитаниците изјавиле дека се загрижени за невработеноста, а тоа е највисоко ниво во последните пет години.

Коронавирусот останува најголема грижа за светското население, но се забележува ослабнување во споредба со април. На глобално ниво, 55% од испитаниците изјавиле дека најголема грижа им е пандемијата во мај, односно 8% помалку од април.


Фото: Pixabay

Најголем процент од луѓето загрижени за пандемијата има во Малезија, каде што 74% од испитаниците изјавиле дека главна грижа им е пандемијата. Во Јапонија 73% го изјавиле истото, а во Велика Британија 71%. Ковид-19 бил најголема грижа за испитаниците од 18 од вкупно 27 држави што биле дел од анализата.

Невработеноста е главен проблем за луѓето во Аргентина, Италија, Јужноафриканска Република, Јужна Кореја, Шпанија и Турција.

Анкетата била спроведена на млади луѓе во 27 земји од светот во периодот од 24 април до 8 мај.

Автор: Ема Чарлтон
Извор: weforum.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот