X
 23.07.2019 Забава

Конгрес на дедо мразовци во Копенхаген

Во данскиот главен град Копенхаген деновиве се одржува традиционалниот Конгрес на дедо мразовци, на кој годинава присуствуваат 150 претставници од целиот свет.

Конгресот започна вчера и ќе трае четири дена. Првиот ваков собир се случи 1957 година и оттогаш секоја година се одржува во најстариот забавен парк во светот – Бакен во Копенхаген.

Настанот вклучува парада на дедо мразовците по улиците на градот, нивно капење во морето и турнир во фудбал.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава