X
 23.07.2020 Образование

39-годишен Индонезиец има 32 академски дипломи

Повеќето од нас сонувале да дипломираат на факултет, а некои и да магистрираат или докторираат. Сепак, за многумина, една или две дипломи се сосема доволни за успех. За 39-годишниот Велин Кусума од Индонезија тоа не е доволно. Овој човек има дури 32 академски дипломи и сертификати.

Кусума го започнал високото образование во 1999, на 18-годишна возраст. Првата диплома му била по индустриско инженерство, но потоа добил уште 31 диплома и сертификати. Тој има 11 дипломи за додипломски студии, три магистерски дипломи и 18 професионални сертификати.



Очекувано, неговите дипломи го направиле познат. Во 2012 година добил награда за рекорден број академски титули од Индонезискиот музеј на рекорди.

Кусума посветува голем дел од својот живот на учењето. За секој курс што го слуша тој издвојува време за учење наутро и навечер, а учи секој ден, па дури и во викенди. Тој е толку познат по неговите академски успеси што има и сопствена страница на „Википедија“.

Во интервју за Си-ен-ен Индонезија изјавил дека студирањето му е хоби бидејќи навистина ужива во учењето и е сигурен дека со студирањето ќе добие знаење кое ќе може да го искористи практично.


Автор: Даниал Мартинус
Извор: mashable.com
Насловна фотографија: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование