X
 23.07.2021 Живот

9 знаци дека сте поинтелигентни отколку што мислите

Интелигенцијата може да се манифестира на повеќе начини, а има знаци кои ќе ви покажат дали сте интелигентни.

Креативни сте

Неврофизичарката Кејти Дејвис истакнува дека креативноста е знак за интелигенција затоа што подразбира размислување надвор од рамките. Затоа не е чудно што во маркетиншките и креативни агенции често може да се најдат вработени со натпросечна интелигенција.

Неуредни сте

Иако ова е честа, лажна изјава на родителите кои си се тешат по 3-часовното чистење на собата на нивното дете, во неа има вистина. Психологот Кетлин Вос дури и го докажала тоа во едно истражување.

Љубопитни сте

Колку повеќе учите, толку попаметни ќе бидете, тоа е научно докажано. Учењето не подразбира само книги, туку и нови, непредвидливи ситуации од кои можете да извлечете лекција.

Разговарате сами со себе

Разговорот сам со себе може да биде на граница меѓу интелигенција и лудост, но ако можете да го контролирате тоа и сте свесни за сè што зборувате и работите, поверојатно е дека сте интелигентни.

Можете да се контролирате

Во истражување од 2009 година биле тестирани субјекти на начин на кој им се нудела одредена сума пари, а со текот на времето таа сума се зголемувала. Лицата со повисок IQ не биле импулсивни и чекале.

Можете да бидете сами

На интелигентните луѓе не им е проблем да бидат без друштво бидејќи се сами со своите мисли. Но, ако постојано сте сами, можно е вашата социјална интелигенција да не е на високо ниво.

Смешни сте

Квалитетниот хумор често бара брзо размислување и креативност, поради што често се поврзува со висока интелигенција.

Слободоумни сте


Интелигентните луѓе размислуваат со своја глава и ако на интелигентно лице му понудите логични аргументи, нема да ги отфрла. Исто така, интелигентните лица немаат предрасуди бидејќи немаат конкретни докази за нив.

Не мислите дека сте претерано паметни

Паметните луѓе често ја потценуваат својата интелигенција и сметаат дека има многу попаметни луѓе од нив. Дури и Сократ, еден од најголемите филозофи во историјата, рекол дека знае дека не знае ништо.

Извор: klik.hr
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот