X
 23.08.2021 Живот

Филипче: Имунитетот од вакцината е поефикасен и подолго трае

Имунитетот од вакцина е поефикасен и подолго трае отколку имунитетот од прележувањето на ковид-19, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата каде што заедно со премиерот Зоран Заев ја лансира кампањата „Вакцинирај се“, со цел да се поттикне населението на масовна имунизација.

- Нема дилема дека антителата штитат одреден период. Но, суштината е дека имунитетот од вакцината е поефикасен. Граѓаните треба да се стекнат со подолготраен имунитет и да го заштитиме здравствениот систем. Препораките од нашиот комитет се должат на повеќе студии. Траен имунитет е вакциналниот имунитет. Убеден сум дека ќе го издржиме овој бран, ако треба ќе се организираме дополнително, истакна Филипче.

Можам да разберам дека одредени мерки наидуваат на негодување. Секоја мерка е за што побрза имунизација и пресекување на ширењето на вирусот - додаде Филипче.

Кампањата „Вакцинирај се“ има цел населението да биде подобро информирано околу вакцините, со цел да се елиминираат дезинформациите.

Според Владата, ова единствено и најефикасно средство за борба против пандемијата. Инаку досега во земјата се аплицирани над еден милиони дози вакцини.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот