X
 23.08.2022 Живот

Ако сакате стан во ваква зграда, подгответе 1.000 евра за кирија: Овој австриски град ја претекна и Виена

Во Австрија, Инсбрук е градот кој има највисоки цени за кирија. Во градот кој се наоѓа во регионот на Тирол, оваа пролет студентите плаќаа дури 950 евра за соба.

Анализата на кириите во Австрија покажува дека Инсбрук и понатаму води со цените: киријата во просек чини 19,30 евра за квадратен метар, додека цената за Виена е „само“ 14,70 евра. Овој податок е изненадувачки бидејќи е познато дека во Европа киријата генерално е најскапа во главните градови.

Значи, стан до 55 квадрати ќе чини нешто повеќе од 1.000 евра.

Најевтино е во Војтсберг, во провинцијата Штаерска, каде што киријата чини 7,20 евра за квадратен метар.

1
Фото: Freepik

Истражувањето на веб-страницата „Имовелт“ покажува дека по Инсбрук следуваат Салцбург, Дорнбин и Кицбил, а потоа Фелдкирх и Брегенц, а потоа и околината на Инсбрук. Куфштајн е на 6. место, а Виена на 7. место.

Во Салцбург киријата е 16,90 евра за квадратен метар, а во Дорнбирн и Кицбил, кои се исто така на западот од земјата, киријата изнесува 15,70 евра. Несомнено е дека западниот дел на Австрија е скап за живеење, а доказ за тоа е фактот дека девет од десетте најскапи општини се во Тирол, Салцбург и Форарлберг.

Доколку сакате да поминете поевтино, треба да го изберете источниот дел од земјата. Трите најевтини општини се наоѓаат во Штаерска. Во Муртал и Фојтсберг киријата чини околу 7 евра за квадратен метар.
Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот