X
 23.09.2020 Образование

Модел на целосно дигитализирана настава во Бизнис-академија Смилевски - БАС

Пандемијата на Ковид-19 нè натера сите да размислуваме како да се приспособиме што подобро на новонастанатите услови и со тоа да држиме чекор со случувањата во дејноста. Добро позната е Дарвиновата мисла: „Не преживуваат најсилните, туку најприспособливите“.

Покрај тоа што успешно се справивме со предизвиците на онлајн-наставата и сите образовни процеси (настава, колоквиуми, испити) функционираа непречено, во БАС отидовме чекор понатаму и создадовме модел на целосно дигитализирана настава кој е автоматизиран и предвиден да функционира кај студиите на далечина или во услови на елементарна непогода и пандемија како оваа од Ковид-19.

Моделот се состои од три клучни компоненти:

⦁    Теоретски инпут каде што на студентот му се презентираат неопходните теоретски информации на темата;
⦁    Практична работа која се состои од индивидуални или интерактивни тимски задачи што треба да се одработат и
⦁    Дискусија со професорот во однос на практичната работа и насоки за наредната средба.



Првиот дел, теоретскиот инпут, е во форма на видеоклип каде што професорот ја разработува темата од теоретски аспект. Форматот ќе биде по избор на професорот кој ќе може да го сними предавањето (на пр. „Зум“ ја дозволува таа опција) или пак да ја анимира својата „Пауер поинт“ презентација така што ќе биде збогатена со презентирање на содржините од професорот, наместо само обични слајдови. Во самите видеоклипови се поставени мини-квизови кои го проверуваат студентот дали ја следи презентацијата во целост. Само со успешно одговарање на прашањата во квизот студентот може да продолжи со следење на останатиот дел од презентацијата. На овој начин обезбедуваме студентот задолжително да мора да ја проследи презентацијата/предавањето.

бас

Практичната работа се состои од задачи кои студентот треба да ги одработи самостојно или во група и за нивното комплетирање добива соодветни бодови за успешност. Професорот е постојано достапен за консултации доколку е потребно.

Циклусот се заокружува со онлајн-средба на „Зум“ на студентите и професорот каде што се прави дебата во однос на практичната работа и научените лекции. Целта на средбата е да се доловат клучните заклучоци од темата кои ќе останат трајно во меморијата на студентите и секојдневно ќе ги применуваат на работното место.

Целиот модел на дигитализирана настава го користи Moodle како докажан LMS (Learning Management System). Во БАС, Moodle го користиме уште од самите почетоци во 2008 година и можеме да се пофалиме дека навистина вадиме максимум од можностите што ги нуди. Moodle има свои додатоци (plugin-и) кои овозможуваат непречено функционирање на процесот. Со исклучок на третата компонента, средба со професорот, останатите чекори се автоматизирани и студентот сам одлучува со какво темпо ќе ги проследи снимените предавања и ќе ги одработи задачите кои се предвидени. 

Овој модел на целосно дигитализирана настава ќе биде постојано во употреба од нашите студенти на далечина, кои не се во можност да следат редовна настава (работа во странство, работа во смени и сл.), а исто така ќе се примени и кај дел од редовните студенти во овој семестар со цел негово подобрување и усовршување.
БАС е приватна високообразовна установа каде што образоваме и создаваме професионални менаџери преку докажаните студиски програми по бизнис-менаџмент на додипломски студии, односно стратегиски менаџмент на постдипломски студии. Повеќе информации за уписите може да се добијат ТУКА.

⦁    02/2455-754 (Скопје) или 047/225-218 (Битола)
⦁    Информативен состанок во Скопје или Битола согласно пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование