X
 23.09.2021 Живот

Скептицизмот кон вакцините е стар колку и вакцинацијата

И францускиот хемичар и биолог Луј Пастер некогаш бил нарекуван „научник-волшебник“, а скептицизмот кон вакцините е стар колку и самата вакцинација, пишува францускиот историчар Лоран-Анри Вињо во книгата „Антивакс“.

- Такви движења отсекогаш постоеле - вели Вињо, историчар на Универзитетот во Бургундија, порано познат како Универзитетот во Дижон.

Тој се сеќава дека во 1796 година англискиот лекар Едвард Џенер, кој се смета за татко на имунизацијата, предизвикал контроверзии во рурална Англија со своите постапки.

Имено, тој открил дека имунитетот за големи сипаници се создава и со вакцинација на луѓе што имаат кравји сипаници. Во 1796 г., по набљудување фармери и млекари, Џенер направил експеримент на дете што можел да биде фатален. Тој зел гној од рацете на млада млекарка и го намачкал на кожата на осумгодишниот Џејмс Фипс. Инокулираната течност ја нарекол вакцина, а постапката вакцинација, од латинскиот збор „vacca“ што значи крава. Од латинскиот збор „inoculatio“ доаѓа зборот вакцинација.

Вакцинацијата од овој тип набрзо беше спроведена низ целиот свет. Во 19 век вирусот на кравји сипаници бил заменет со вирусот вакцинија.

Вакцинија е вирус од исто семејство како вирусот вариола и кравјите сипаници, но сепак е генски различен од нив.

Така, вакцинацијата на момчето била успешна, но колегите лекари тогаш уверувале дека со пренесување на крвта на кравата во човекот ќе го претвори човекот во крава, вели историчарот.

Дебатата за вакцините во тоа време се водела исклучиво во медицинските кругови, пред во 1853 година, во согласност со тогашниот англиски закон, да се воведе задолжителна вакцинација против големи сипаници за деца од семејства што примаат социјална помош. Ако родителите одбиеле да го вакцинираат детето, им било скратено правото на социјална помош.

Биле организирани протести против таквата уцена, од кои најголемите се одржале во 1885 година во Лестер, кога се собрале 100.000 луѓе.

Тој прв „антиваксерски“ протест во историјата имал одек. Во 1906 година бил воведен нов закон со кој се проширила обврската за вакцинација, но дозволувал да биде исклучен секој што ќе потпише клаузула за повикување на совест - и ова и понатаму важи во Обединетото Кралство.

vakcina
Фото: Freepik

Подоцна се одржале протести во неколку европски земји и во Америка, иако ретко во Франција, бидејќи ретко се применувал законот од 1902 година што се однесувал на обврската за вакцинација.

- Контролата им била доверена на градските управи, кои не ја поддржувале идејата да им се изречат казни на граѓаните што не сакале да се вакцинираат. Кога станува збор за обврската за вакцинација во училиштата, наставниците не се гледале себеси како еден вид полицаец -  вели историчарот.

Но, колегите на Пастер жестоко му се спротивставиле кога научникот развил вакцина против беснило во 1885 година.

- Неговото достигнување било крајно лошо прифатено. Го прогласиле за научник-волшебник - вели Вињо.

Но, Пастер бил упорен и истакнувал дека и други вакцини можат да се развијат на сличен начин, вклучително и онаа против тифус, која е предизвикана од нечистотија и нехигиенски услови за време на војните. Вакцината против тифус била широко користена за време на Првата светска војна, и покрај „маргиналното противење“.

Потоа во 50-тите и 60-тите години конечно беа признаени вакцините меѓу лекарите, особено кога научните истражувања ги покажаа придобивките од вакцинацијата против, на пример, детска парализа.

Работата на Луј Пастер на микроорганизми ги спаси животите на милиони луѓе во светот. Тој развил метод за намалување на ефектот на бактериите врз храната и пијалаците со загревање и ладење на супстанциите, сега познат како пастеризација, и развил вакцини против болести како што се антракс, колера и беснило.

Француска специфичност


- Разликите во мислењата биле особено изразени во 60-тите години со зголемување на тужбите во САД поради несакани ефекти од вакцината. Во 1986 година беше составена листа со несакани ефекти за кои жртвите можеа да добијат надомест. Првпат науката јавно призна дека вакцините можат да им наштетат на неколкумина, со што „сомнежот стана легитимен“ - вели францускиот историчар.

Истиот сомнеж почна да се шири во Франција кон крајот на 90-тите години кога започна системската вакцинација на адолесцентите против хепатит Б.

Скептицизмот дополнително се зголеми кога во 1998 година во Обединетото Кралство, научникот Ендрју Вејкфилд објави лажна студија, која подоцна беше демантирана, поврзувајќи ја вакцината против морбили со развојот на аутизам. Вињо потсетува дека за само неколку месеци, бројот на вакцинирани деца падна на нула.

Затоа, вели францускиот историчар, дури и ако бројот на вистински антиваксери не расте, општеството е сѐ поскептично кога станува збор за вакцинациите.

- Тие мислат: „Вакцина, не знам дали функционира ни дали навистина ми треба.“ Истовремено, има сѐ повеќе вакцини против болести кои често се сметаат за бенигни, како што се заушки или мали сипаници, а неупатените всушност се штитат од оваа „ескалација“ на вакцините - вели историчарот.

Во Франција во 2009 година „лажната пандемија“ на грип А (Х1Н1) додаде политичка димензија на сѐ. По предупредувањето на СЗО за претстојниот опасен бран на грип, кој на крајот ќе се покаже како претеран, Владата нарачува големи количини вакцини. Но, епидемијата е отсутна. Соочени со залудно прогласената мерка на претпазливост, многу Французи сметаа дека тоа е „договор меѓу властите и фармацевтското лоби како дел од движењето против големата фармацевтска теорија на заговор“.

Вињо заклучува дека скептицизмот против вакцините оттогаш прерасна во „недоверба“ кон државата.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот