X
 23.11.2019 Живот

Како изгледа Политехничкиот универзитет во Хонг Конг откако го напуштија демонстрантите?

Минатата недела илјадници студенти-демонстранти влегоа во Политехничкиот универзитет во Хонг Конг и го окупираа кампусот, додека насилните политички немири во градот достигнаа високо ниво.

Откако влегоа, тие се соочија со невозможен избор: да останат внатре додека не ги искористат сите намирници или да го напуштат универзитетот и да ризикуваат да бидат уапсени за немири и обвиненија што може да им донесат 10-годишна затворска казна.

Полицијата веќе три дена се бори да ги избрка демонстрантите. Стотици демонстранти беа заглавени, а некои од нив успеаја да излезат. Властите велат дека од универзитетите излегле 1.100 луѓе, од кои 600 доброволно. Биле уапсени демонстрантите постари од 18 години.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот