X
 23.11.2020 Живот

Кина ќе гради нов високотехнолошки град заштитен од Ковид-19

Навикнавме да живееме во свет погоден од пандемијата, но дали во иднина ќе бидеме подготвени повторно да се соочиме со нешто слично?

„Гиларт архитектс“ веќе дизајнира постковид-домови за нов град во Кина, што дава до знаење дека превенцијата е подобра ос лекувањето. Овој самоодржлив град ќе биде изграден на периферијата на Пекинг, во форма на станбени блокови што ќе им овозможуваат на жителите да живеат со стил за време на карантин. Вклучени се и канцеларии, базени, продавници, пазари за храна, градинка, административни центри и пожарна, па никој нема да има потреба да го напушти градот.

2

Со оглед на самоодржливоста, секоја зграда ќе биде покриена со оранжерии кои ќе им овозможат на жителите секој ден да собираат плодови, затворени под покриви што ќе собираат соларна енергија.

Овој кинески паметен град, заштитен од Ковид, е наречен Ксионган и ќе има четири кули со станови во кинески стил, комбинирани со градски плоштад во вид на двор со пластеници. Ќе биде изграден на периферијата на Пекинг.

3

Апартманите ќе имаат големи тераси со поглед на југ, кои ќе собираат доволно сончева светлина за да помогне во регулирањето на температурата на домовите, а ќе има и отворени простори во случај да биде потребен повторен карантин. Секој апартман ќе има и своја кутија за птици.

Огромните области ќе бидат направени според нормите на физичко дистанцирање. Канцелариите ќе бидат обезбедени со 3Д-печатачи и машини за брз прототип за да направат замена на предмети што исчезнале или се расипале, во случај на нарушување на синџирот на снабдување.

4

Одредени отворени простори и тераси се „пријателски настроени“ кон дроновите за испораки што би се извршувале во итни случаи.

Оранжериите ги опфаќаат речиси сите згради; храната доаѓа од оранжериите под покривите што собираат сончева енергија. Ова е самоодржливо во случај на целосен карантин.

5

Ќе има различни распореди на становите - за парови без деца, за парови со едно или со две деца. Конструкцијата ќе биде направена од вкрстени ламинирани дрва, бидејќи дрвото е обновлив ресурс.

6

7

Извор: Luxurylaunches.com
Фото: Guallart Architects
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот