X
 23.12.2019 Живот

Нема веќе визи за Украина

Од вчера стапи во сила постојаниот безвизен режим меѓу Украина и Македонија, објави денеска на „Твитер“ државниот секретар во украинското mинистерство за надворешни работи, Андриј Зајац.

- Стартот на безвизниот режим со Македонија на постојана основа значи укинување на краткорочните и долгорочните (имигрантски) визи - наведува Зајац, додавајќи дека државјаните на Македонија и на Украина што поседуваат биометриски пасоши ќе можат слободно да патуваат во другата држава и да престојуваат во неа до 90 дена.

Украинската влада на 21 август го одобри Договорот со земјава за условите за укинување на визниот режим со земјава. На 18 декември двете држави потпишаа Спогодба за укинување на краткорочните и долгорочните имигрантски визи, како и за старт на безвизен режим.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот