X
 23.12.2019 Наука

Ново истражување покажува дека марихуаната ја менува структурата на срцето

Истражувачите најдоа нова причина за регулаторите да размислат пред да ги олабават законите за марихуаната - таа буквално може да го промени срцето на корисникот.

Минатата недела британски тим од истражувачи објави студија во која е објаснета анализата на скенови на срце на 3.407 лица без срцеви болести, собрани како дел од студијата „Ју-Кеј Биобанк“.

Од сите испитаници, 47 биле редовни корисници на марихуана, што значи дека пушеле марихуана на дневна или неделна основа во текот на минатите пет години. Дополнителни 105 лица користеле канабис редовно пет или повеќе години, додека останатите користеле ретко или воопшто не користеле.

Тимот нашол врска меѓу редовното користење на марихуаната и зголемена лева комора во срцето. Исто така, нашол рани знаци на нарушено срцево функционирање кај актуелните корисници, кое го измерил со користење на деформацијата на срцевите мускулни влакна при контракција.

Тимот забележал дека масата на левата комора била иста кај сите три групи, како и количината на крв што комората ја испуштала со секое отчукување.

Истражувачите веруваат дека врските што ги пронашле се доволно значајни за да се направат продолженија на студијата, особено ако се земе предвид трендот за легализација на марихуаната.

Студијата можете да ја погледнете тука.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука