X
 23.12.2020 Живот

Фотографии што ја обележаа 2020 година

Агенцијата „Франс прес“, позната како АФП, направи селекција на фотографиите што ја обележаа годинава. Ова се најдобрите фотографии направени годинава од страна на фоторепортерите на АФП низ светот.

Очекувано, доминираат настани и локации поврзани со пандемијата на коронавирусот. Помеѓу фотографиите има и една направена во јануари на која се прикажани лица во заштитна облека кои проверуваат постаро лице со маска кое починало во близина на болница во Вухан. Во истата серија има фотографија од момче во кану што бега од ерупција на вулкан на Филипините, кенгури среде пожар, хеликоптер што лета над мурал со ликот на Коби Брајант.



Фотографиите се објавени во серии кои се поделени во пет дела. Вториот дел покажува сцени од здравствени работници во Италија и во Франција, автокино во Германија, работници на пауза за ручек во Вухан и други.



Во третиот дел повторно доминираат сцени од здравствени работници, работници на гробишта, како и сцени што го покажуваат светот во изолација.



Четвртиот дел вклучува сцени од протести што се организираа во САД и низ светот по убивањето на Џорџ Флојд. Има и фотографии од болници, гробишта, училница во природа, ресторани со безбедносни мерки и празна црква.



Последниот дел нè потсетува на уште протести, експлозијата во Бејрут, како и на ширењето на коронавирусот и неговите последици.



Извор: AFP/Instagram

Насловна фотографија: Screenshot/Instagram

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот