X
 23.12.2021 Забава

Постер против пушењето инспириран од „Фортнајт“ стана хит на интернет

За само неколку години, „Фортнајт“ стана една од најголемите и најпознати игри во светот, собирајќи корисници од сите возрасни групи.

Лансирањето на новата сезона ја направи играта уште попопуларна, при што хистеријата и опседнатоста со играта сега се на највисоко ниво.

Од „Епик гејмс“ отсекогаш наоѓале начини да комуницираат со своите обожаватели и да ја промовираат играта.

Овој пат некои играчи открија постер инспириран од „Фортнајт“ кој се однесува на забрането пушење во едно училиште, со саканиот агент Џонси, кој ги поучува учениците што треба да направат.

pusenje
Фото: Reddit

Неодамна еден играч на социјалната мрежа „Редит“ сподели постер за забрането пушење поставен во неговото училиште. Постерот ги упатува учениците и децата за тоа кои се лошите последици од пушењето и ги советува да се воздржат од користење такви производи.

Се чини дека постерот е соодветен начин за поучување на учениците и подигнување на свеста за овие работи.

Извор: Sportskeeda.com
Фото: Reddit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава