X
 24.01.2020 Живот

Кинезите вчера почнаа да градат болница, а ќе биде готова за десетина дена

Во кинескиот град Вухан забрзано се гради нова болница со 1.000 кревети каде што би требало да се лекуваат заболените од коронавирусот.

На фотографиите се забележуваат багери како ја порамнуваат земјата, а темелите не се готови.

Но, според најавата на кинеските власти, стационарот ќе биде готов до 4 февруари.

Десетици багери и друга механизација почнаа со работа вчервечер.

Ова не е првпат во Кина да се гради цела болница за десетина дена. Кога во 2003 година изби епидемијата на САРС, од која починаа 774 лица, во Пекинг за една седмица беше изградена болница.

Бројот на заболени од новиот коронавирус веројатно ќе продолжи да расте во Кина и премногу е рано да се процени неговата сериозност, изјави денеска портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ.

- Фокусот не е толку многу на бројот на случаи, за кои знаеме дека ќе се зголемат - рече Јашаревиќ.

Тој посочи дека кинеските власти досега официјално пријавија 830 заразени и 25 смртни случаи.

- Сè уште е рано да се оцени колку е сериозен вирусот - рече Јашаревиќ.

СЗО и нејзината мрежа на експерти ги разгледуваат третманите за вакцини против вирусот МЕРС како можна употреба за новиот коронавирус.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот