X
 24.02.2017 Живот

Како Кастро му го скрати животот на Тито

Јосип Броз Тито преживеал сѐ во животот, но не и Фидел Кастро. Кастро по неколку неуспешни обиди во 1979 година успеал да се избори за одржување на Конференција во екот на Движењето на неврзаните.

Тоа значело дека следните три години нему му припаѓа должноста за генерален секретар на Движењето. Таа година непосредно пред Конференцијата во Хавана биле јасни неговите обиди Движењето да се приклучи кон источниот блок и со тоа на Брежњев и на неговите сојузници да им се осигура нова сила. Тогаш во весниците бил објавен текст во кој Кастро е наречен Тројански коњ меѓу земјите што се дел од движењето.

Тито кој инаку бил недисциплиниран дијабетичар, ја одложил операцијата на ногата, за да стигне до Хавана и да ја исконтролира ситуацијата. Таму се исцрпил дополнително од билатералните средби со главните државници и чекор по чекор успеал да ја преорганизира Резолуцијата.


Тотално исцрпен од користењето на своите дипломатски вештини, во септември се вратил, вградувањето на бајпасот задоцнило, во јануари 1980 ја изгубил ногата, а во мај починал. Тој успеал да преживее сѐ, но не и Кастро. Југославија била во агонија уште десет години, на крајот на Движењето на неврзаните.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот