X
 24.03.2020 Технологија

M3CON конференцијата ќе се одржи и ќе биде бесплатна

И покрај тоа што M3CON конференцијата беше откажана, М3ДС и нивните претходно најавени говорници не се откажуваат.

Сега конференцијата е достапна за секого и ќе биде бесплатна.

Во најава го имаме Тод Сју, арт-директор на „Apex Legends“. Тод Сју е ветеран - артист за видеоигри, со 16 години искуство, кој придонесува за некои од најнезаборавните и најомилените блокбастери на нашето време.

Во неговото најавено едукативно предавање, Тод ќе одговори на често поставуваното прашање: „Како продолжува компанијата „Respawn“ да прави хитови со својот помал тим?“

Ќе се погледне зад сцената и ќе се дискутира кои фактори ги обликувале „Apex Legends“ и со какви предизвици се соочил уметничкиот тим.

Ќе се навлезе во стратегијата на уметничката насока и културата што им помогнале да имаат успешен старт.

Презентацијата почнува денеска на 24.03.2020 во 19:00 часот на следниов линк https://www.twitch.tv/m3ds_academy

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија