X
 24.03.2020 Економија

Најскапите градови во светот во 2020 година

Светот може да биде многу поинаков наредната година, но засега знаеме кои се најскапите градови во светот во 2020 година. Првото место не му припаѓа само на еден град, туку на три. Хонгконг, Сингапур и Осака се најдоа на врвот на листата со најскапи градови во светот годинава според списанието „Економист“.


Фото: Осака/Pixabay

Јапонскиот град Осака го замени Париз на подиумот оваа година. Њујорк се искачи на четвртата позиција, додека Лос Анџелес се искачи на осмата. Ова е резултат на силната локална валута и големата домашна побарувачка, што довело до покачување на цените на облеката и на помошта во домаќинството.

Анкетата прави анализа на цените на 160 стоки и услуги во 133 града во светот и се спроведува над 30 години. Најновата анкета покажува тренд на опаѓање на европските градови на листата, освен Москва, Санкт Петербург, Киев и Истанбул.


Фото: Сингапур/Pixabay

Тел Авив е единствениот град од Блискиот Исток што се најде на листата со топ-10 најскапи градови. Женева паднала на десеттото место, додека Копенхаген, кој бил на седмата позиција изминатата година, сега веќе не е во најскапите 10 града. На дното е Дамаск во Сирија.

Најскапите градови за живот во 2020

1. Сингапур, Осака и Хонгконг
4. Њујорк
5. Париз и Цирих
7. Тел Авив
8. Лос Анџелес и Токио
10. Женева

Извор: Си-ен-ен
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија