X
 24.03.2022 Култура

Почнува Неделата на франкофонски филм

Филмот „Што зборуваме, што правиме“ на режисерот Емануел Муре, вечерва во 20 часот, во Кинотеката на Македонија ќе го означи почетокот на Неделата на франкофонски филм. Настанот се реализира по повод одбележувањето на Месецот на франкофонијата. 

На програмата уште е и швајцарскиот филм „Семејство“ на Фредерик Бајиф, кој ќе се прикаже утревечер, додека в сабота во 18 часот ќе се одржи проекција на белгискиот филм „Богородица од Нил“ на Атик Рахими. Веднаш потоа, во 20 часот, е закажана проекција на романскиот документарен филм „Дива Романија“.

 

Сите филмови ќе се прикажуваат со превод на македонски јазик, а за романскиот филм е обезбеден само превод на француски јазик, истакнуваат од Францускиот институт во Скопје.

фото: Француски институт во Скопје


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура