X
 24.03.2023 Економија

Дали девет работни дена во две недели е подобро од четиридневна работна недела?

Големо тестирање на четиридневната работна недела во Велика Британија покажало добри резултати. Компаниите изјавиле дека продуктивноста е зголемена, а работниците истакнале дека квалитетот на нивниот живот се подобрил. Но, останува загриженоста за профитот, дополнителниот притисок врз работниците поради поголемиот дневен обем на работа и потребата да им бидат достапни на клиентите во текот на сите стандардни работни часови.

Дали постои златна средина? Некои компании веќе практикуваат шема за работа „девет дена во две недели“. Работната шема предвидува девет работни дена во текот на 14 календарски дена, додека преостанатите пет се слободни. Секоја втора недела вработените добиваат уште еден слободен ден, обично петок.

Како изгледа во практика?

Многу од придобивките се слични на оние од четиридневната работна недела, според оние што ја тестирале. Меѓу нив се продуктивноста, задоволството на вработените, подобар баланс помеѓу работата и животот и подобрена благосостојба.

Бен Бренсон-Гејтелеј, извршен директор и коосновач на компанијата за софтвер за човечки ресурси „Чарли ХР“, вели дека забележал и дополнителни придобивки во споредба со четиридневната работна недела.

- Причината зошто сум повеќе за девет дена отколку за четири дена е тоа што четврток не станува нов петок - објаснува тој. Наизменичните четиридневни и петдневни работни недели, исто така, создаваат подобра рамнотежа, според него.

Не е за секого

Како и со четиридневната работна недела, системот „девет дена за две недели“ не одговара на секој бизнис и на секој вработен. Сите вработени немаат исти придобивки од таквиот систем, но и клиентите сакаат секој ден да можат да најдат некого во компанијата, поради што мора да се воведуваат ротации и разни дополнителни слободни денови.

Извор: CNBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија