Јас сум мајка на 6-годишно машко дете. Посетува градинка и таму има едно другарче со кое цел ден се заедно и прават лоши работи. „Другарчето“ му вели дека ако не го слуша, ќе го тепа, а и вистина го тепа. Постојано разговараме дека не смеат да прават глупости и лоши работи, го казнивме, му сокривме играчки и му скративме интернет и телевизија, но сето тоа е безуспешно. Разговарано е со негувателките и тие велат дека им кажале на неговите родители, но сѐ е залудно. Проблемот е што понатаму, како да го научам детето дека сите деца се исти, дека никој не е главен во градинката или школото и нема потреба да се плаши? Ве молам за помош, навистина не знам како да постапам.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк