X
 24.03.2023 Живот

Спектакуларно видео ги прикажува сино-зелените бои на нашата Земја среде црнилото на вселената

Ново видео снимено од ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс екс“, високо над Земјата, ја прикажува нашата планета како прекрасна сина џамлија со бели облаци и делови од почвата.

Видеото било направено додека ракетата го испорачувала товарот од два телекомуникациски сателити за луксембуршка компанија до геосинхроната преносна орбита. Тоа значи дека снимката, објавена на твитер-профилот на „Спејс екс“, ја прикажува Земјата од надморска височина од околу 35.700 километри.

Извор: Space.com
Фото: Twitter/Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот