X
 24.04.2018 Образование

Нашите најдобри математичари-олимпијци доаѓаат од приватните средни школи

Тамара Митровска, Надежда Илиева, Никола Даневски, Лука Грашкоски, Горазд Димитров и Алек Јармов се најдобрите средношколци што ќе ја претставуваат македонската олимписка репрезентација. Сојузот на математичарите на Македонија ја сподели информацијата откако викендов се одржа Македонската математичка олимпијада на ФОН во Скопје.
Освен Јармов, кој е втора година во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, сите други млади математичари доаѓаат од приватните средни училишта.




Сојузот на математичарите објасни на кој начин стигнал до имињата на најдобрите математичари кои ќе учествуваат на Балканската математичка олимпијада што ќе се одржи на 9 мај во Белград. Во рангирањето на кандидатите Сојузот на математичарите зел предвид учество на светски олимпијади кои носат различни поени.
Од Сојузот информираат дека сѐ уште не е комплетиран тимот за Интернационалната математичка олимпијада зашто ќе се чека да помине Балканската олимпијада.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование