X
 24.04.2020 Култура

„Враќање во оазата на диносаурусите“ – нова сказна од „Светот на Биби“

Се сеќавате на диносаурусот Даро што Биби и Боби го запознаа додека беа во авантура во шумата? Тие ја открија оазата на диносаурусите и научија за волшебниот свет на овие прекрасни суштества. Е сега дојде ред да ја посетат нивната оаза. Овој пат Биби и Боби се придружувани од нивните миленичиња Зази и Зина.



Но, ќе се случи неволја, голем земјотрес ќе им направи проблем на авантуристите. И кој ќе биде најхрабар? Ќе дознаете во најновата сказна од „Светот на Биби“ - Враќање во оазата на диносаурусите“, која премиерно ќе ви ја прикажеме в недела, 26 април, во 19 часот на јутјуб-каналот Биби/Bibi.

Автор на сказната е Билјана Црвенковска. Арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а режисери се Гоце Цветановски и Никола Чикос. Улогите ги толкуваат Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура