X
 24.04.2021 Живот

Најголемата миграција во историјата: 15 милиони луѓе во потрага по подобар живот

Низ човечката историја имало многу масовни миграции, но две ќе се паметат како најголеми. Поради насилството, поделбите и тешките услови за живот, жителите на две земји тргнале во потрага по посветла иднина.

Миграциите од големи размери ги нарекуваме масовни миграции, кои опишуваат исклучително големи групи на луѓе кои се движат од еден во друг географски регион. Миграциите можат да бидат помали, индивидуални или сезонски.

Низ човечката историја имало многу масовни миграции и не е лесно со сигурност да се утврди која била најголемата. Сепак, најчесто се споменуваат двете главни миграции познати за нас како Поделба на Индија и Италијанска дијаспора. Поделбата на Индија генерално се смета за најголема миграција, но точните бројки не се утврдени. Италијанската дијаспора е најголемата документирана миграција во историјата на човештвото.

Британска Индија била поделена на Индија и Пакистан во 1947 година, откако бил донесен акт од Парламентот на Велика Британија. Денес, тие се три независни држави: Република Индија, Исламска Република Пакистан и Народна Република Бангладеш. За време на поделбата на Индија, постоела поделба на две провинции, Бенгал и Пенџаб, пред сѐ, врз верска основа, односно според тоа дали некој е муслиман или не.

indija
Посебен воз за бегалците на станицата „Амбала“ за време на „Поделба на Индија“
Фото: Wikipedia

Не бил поделен само народот, туку и армијата, морнарицата и државната служба. Како резултат на оваа одлука, меѓу 10 и 12 милиони луѓе се иселиле, што предизвикало огромна бегалска криза во регионот. Овој број на бегалци е официјално документиран, но се верува дека бројот е многу поголем.

Исто така, се проценува дека за време на миграцијата биле убиени 2 милиона луѓе. Овој историски период бил обележан со екстремно насилство, а тензиите меѓу Индија и Пакистан постојат и денес.

2
Воз со бегалци на пат кон Пунџаб, Пакистан
Фото: Wikipedia

Меѓусебните односи на овие две земји не се подобрија ни денес, што е последица на масовната миграција на населението и раздорот што доведе до тоа. Години подоцна, Бангладеш се оддели од Пакистан, но настанот не се смета за дел од масовната миграција.

Италијанска дијаспора

Терминот „Италијанска дијаспора“ се користи за да се опише масовната емиграција на Италијанците од нивната родна земја. Во италијанската историја постојат два брана на миграција на населението. Првиот почнал во 1880 година и траел од 30 до 40 години. Со подемот на фашизмот, емиграцијата била привремено запрена.

2
Италијански имигранти пристигнуваат во Сао Пауло, Бразил околу 1890 година
Фото: Wikipedia

Најголемата причина за напуштање на татковината била сиромаштијата предизвикана од недостигот на земја поради многубројните поделби на имотот низ генерациите. Животот станал многу тежок, особено на југот на земјата, а луѓето барале засолниште во САД и во земјите од Јужна Америка.

2
Улицата „Мулбери“, каде се наоѓа „Мала Италија“ во Њујорк, околу 1900 година
Фото: Wikipedia

Милиони Италијанци, главно млади луѓе, емигрирале во потрага по подобар живот и посветла иднина. По Втората светска војна се случил уште еден голем бран на Италијанската дијаспора. Заедно, овие две фази на емиграција ја сочинуваат најголемата документирана масовна миграција во историјата. Во текот на 100 години, 1880-1980 година, околу 15 милиони луѓе ја напуштиле Италија.

Извор: Nationalgeographic.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот