X
 24.05.2018 Образование

Ова се најдобрите просветни работници во Скопје

Здружението на просветни работници на Скопје вчера попладне ги награди најдобрите просветни работници во повеќе категории - предучилишно образование, од основно образовие и тоа од одделенска и предметна настава, како и од редот на стручните соработници и просветен работник од средно образование. Оваа значајна активност, Здружението ја реализира секоја учебна година во пресрет на 24 Мај – Денот на Просветните работници.

Наградени се:

1. За просветен работник од предучилишно образование и воспитание се прогласува Билјана Брауновиќ воспитувач во ЈУДГ „ВЕСЕЛИ ЦВЕТОВИ “ -Скопје .
2. За просветен работник од основно образование, одделенска настава се прогласува Марија Матеева, професор по одделенска настава во ООУ„Лазо Ангеловски “ -Скопје.
3. За просветен работник од основно образование, предметна настава се прогласува Аида Петровска, наставник по физика во ООУ „Димитар Миладинов“ -Скопје.
4. За просветен работник од средно образование се прогласува Снежана Пеловска, професор по биологија во СУГС Гимн. „ Раде Јовчевски –Корчагин “ -Скопје.
5. За стручен соработник се прогласува Милка Тримчевска, стручен соработник-библиотекар во ООУ„ Браќа Рамиз Хамид“ - Скопје.

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование