X
 24.05.2020 Технологија

„Јутјуб“ сега може да ве потсети кога е време за спиење

Сите барем еднаш сме се нашле во ситуација кога предолго време сме поминале на „Јутјуб“ и си велиме дека ќе го погледнеме само уште ова видео.

Ако и вам ви се случило да ги губите ноќите поради „Јутјуб“, од „Гугл“ пристигнува помош. Досега, јутјуб-корисниците, од време на време, беа потсетувани да направат пауза од гледање и малку да се одморат, а сега оваа платформа воведе и опција „време за спиење“.

Станува збор за нова опција што функционира како аларм. Потребно е во апликацијата на „Јутјуб“ да го напишете времето кога сакате да одите на спиење и апликацијата ќе ве потсети на тоа дека е време да се исклучите. Корисниците можат да изберат во кое време сакаат потсетникот да се вклучи и дали потсетникот ќе излезе во текот на видеото или кога видеото ќе заврши.

Секако, „Јутјуб“ дава и опција за одложување на алармот, што на корисниците им „купува“ уште неколку минути гледање или негово исклучување, ако баш сакате да гледате цела ноќ.

За да ви се појават овие опции во поставките на апликацијата „Јутјуб“

потребно е да ја ажурирате апликацијата за „Ајфон“ или „Андроид“ и да се логирате во вашата гугл-сметка. Потоа, во „поставки“ треба да ја најдете опцијата „Потсети ме кога е време за спиење“.


Ако сè уште не ја гледате оваа опција, од „Гугл“ велат дека во наредните недели ќе им биде достапна на сите.

Извор: Zimo.dnevnik.hr | Support Google
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија