X
 24.06.2016 Технологија

Што можете да направите со вашиот стар Android уред?

Истражувањата покажуваат дека просечните корисници на паметни телефони ги  менуваат нивните телефони на секои 2 години. Секој пат кога ќе земат нов телефон прашањето е што да прават со старите телефони.

Постојат голем број креативни начини на кои можат да ги искористат телефоните. Доколку и вие неодамна сте го надградиле вашиот телефон или уред и се прашувате што да правите со стариот, во продолжение имаме неколку решенија за вас.

Конзола за играње - Лесно е да спарите Android уред со телевизор преку Google Chromecast и HDMI кабел. Можете да преземете емулатор за вашите класични гејмерски конзоли. Можете да ја спарите гејмерската конзола со вашиот Android уред. Далечинскиот управувач од PlayStation функционира навистина добро со Android уредите.

Фитнес уред -
Вашиот стар Android уред може да биде идеална алатка за фитнес. Можете да го форматирате, да ги отстраните непотребните апликации и податоци или да го користите како MP3 додека вежбате. Можете да го спарите со евтин фитнес тракер или паметен часовник за дополнителна функционалност.

Десктоп компјутер - Да, можете да го инсталирате вашиот стар уред како десктоп компјутер. Дури и најстарите паметни телефони се помоќни од старите компјутери. Можете да инсталирате Debian или било која верзија на Linux оперативен систем на вашиот уред и да го поврзете со монитор. Потоа можете да го поврзите со Bluetooth тастатура и глувче.

GPS за автомобил и музички плеер - Постојат неколку одлични апликации за навигација достапни за Android (Google Maps, CityMapper, Waze и други). Можете да го приклучите со помошен кабел и двојно да го искористите како радио/MP3 плеер.

Wi-Fi продолжувач - Ако имате слаб Wi-Fi сигнал во вашиот дом или канцеларија, можете да го проширите опсегот на сигналот користејќи го вашиот стар Android уред. Треба да ја инсталирате апликацијата fqrouter2.

Дигитална фото рамка - За да го претворите во фото рамка треба да инсталирате апликација како на пример Dayframe и да ги изберете вашите омилени фотографии.

Монитор за бебе - Не треба да трошите огромни суми на пари за да можете да внимавате на вашето бебе. Апликациите како Dormi го трансформираат вашиот стар паметен телефон во монитор за бебе, додека емитуваат видео и аудио до вашиот уред кој моментално го користите.

Аларм - Со оглед на тоа што никој не користи анлагоен часовник денес, можете да го искористите вашиот стар уред и да симнете некоја апликација за часовници и да имате будилник кој ќе седи покрај вашиот кревет.

Терминал за видео разговор - Поставeте го вашиот стар уред со апликации како Google Hangouts и Skype и користете го за комуникации лице в лице. 


Безбедносна камера
- Искористете ги предностите на камерата на уредот претворајќи ја во Wi-Fi камера за безбедност за заштита на вашиот телефон. Постојат апликации кои се чувствителни на движење и кои испраќаат аудио на вашиот сегашен уред.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија