X
 24.06.2019 Образование

Отворено писмо од универзитетски професори за нацрт-законот за основно образование: Дефектолозите не смеат да се исклучуваат од наставата

Според новиот Закон за основно образование, специјалниот едукатор и рехабилитатор (дефектолог) ќе биде само член на стручен тим во училиштата. Тој нема да може да изведува настава како досега во посебните основни училишта и паралелки. Во истото училиште специјалниот едукатор и рехабилитатор нема да може да работи ниту во ресурсниот центар.
Учениците со умерена и тешка интелектуална попреченост, учениците со бихевиорални проблеми, учениците со ниско функционален аутизам и учениците со мултихендикеп нема да имаат модифицирана програма.
Во изготвувањето на новиот Закон за основно образование во ниту една фаза не беа вклучени професорите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација (дефектологија). Не знаеме зошто. Одговорот веројатно лежи во МОН и традиционално во УНИЦЕФ. Нашиот Институт има нова и модерна студиска програма каде што се опфатени инклузијата, инклузивната пракса, наставата, процената, третманот, раната интервенција и сл. И најважно од сè, студиските програми години наназад беа највисоко оценети и се признати во Европа и пошироко.

Прочитајте повеќе на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование