X
 24.06.2020 Образование

Конкурс за запишување студенти на прв циклус на студиските програми на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип во учебната 2020/2021 година

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус универзитетски и стручни студии во учебната 2020/2021 година.

Право на запишување на прв циклус универзитетски и стручни студии имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование, и тоа:

- Кандидати завршени во учебната 2019/2020 без државна матура,
- Кандидати со завршена државна матура пред учебната 2019/2020;
- Кандидати кои завршиле во претходните години пред учебната 2007/2008 година и не полагале  државна матура, во средни  училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука, како и
- Кандидати со завршено четиригодишно средно образование (со завршена меѓународна матура).

При пријавување на кандидатите за запишување на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во пријавните листови кандидатите можат селективно да ги набележат своите три можни приоритетни избори на студиски програми од различни единици кои се во рамките на Универзитетот.

Пример:

1. Државна квота, Факултет А
2. Кофинансирање, Факултет А
3. Државна квота, Факултет Б

Кандидатите  се  запишуваат  како  редовни  студенти  финансирани  од  државата  и  редовни студенти со кофинансирање на студиите.

Целосниот конкурс за запишување можете да го погледнете ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование