X
 24.06.2020 Здравје

Ковид-19: Новозаразени 136, оздравени 43, починати 8

Регистрирани се 136 нови случаи на болни од Ковид-19, осум починати и 43 оздравени пациенти во последните 24 часа, информира Министерството за здравство. По градови, ова се бројките на новите случаи: во Скопје-80, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-24, Струга-1, Велес-3, Охрид-5, Гостивар-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-4 и Неготино-1.

Оздравеле 26 пациенти од Скопје, 6 од Тетово, 4 од Велес, 2 од Гостивар и по еден од Штип, Прилеп, Кочани, Пробиштип и од Кратово.

Починати се 8 лица. Вчера веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал 57-годишен пациент од Велес. Во ГОБ „8 Септември“ починале две лица од Скопје: пациент (56 г.) примен на 11 јуни и пациентка (68 г.) примена на 13 јуни. Починале две лица од Куманово, пациентка (47 г.) примена на 12 јуни и пациентка (59 г.) примена на 14 јуни. Починале две лица од Тетово, пациент (78 г.) примен вчера и пациентка од (47 г.), хоспитализирана на 22 јуни. Во ОБ Битола почина пациент од Кичево (61 г.) хоспитализиран на 21 јуни.

Во Македонија досега се направени 54.456 тестирања на Ковид-19, дијагностицирани вкупно 5.445 пациенти од кои активни се 3.095, починале 259, а оздравеле 2.091 пациент. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

- Скопје 2.667, активни 1.785
- Куманово 709, активни 254
- Дебар 83, активни 31
- Штип 277, активни 186
- Прилеп 238, активни 19
- Тетово 582, активни 338
- Струга 182, активни 102
- Велес 172, активни 32
- Битола 43, активни 14
- Охрид 124, активни 104
- Кавадарци 11, активни 6
- Гостивар 92, активни 53
- Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
- Струмица 13, активни 9
- Крива Паланка 12, активни 6
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 6, активни 3
- Кочани 62, активни 27
- Пробиштип 13, активни 9
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 3, активни 1
- Пехчево 5, активни 2
- Берово 2, активни 1
- Валандово 6, активни 4
- Виница 3, активни 0
- Делчево 1, активни 0
- Кратово 4, активни 1
- Свети Николе 17, активни 15
- Кичево 10, активни 6
- Ресен 73, активни 72
- Неготино 20, активни 9 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Ова се бројките на активните случаи во скопските општини:

- Чаир - 413
- Аеродром - 135
- Бутел - 136
- Гази Баба - 149
- Центар - 127
- Карпош - 124
- Сарај - 141
- Кисела Вода - 101
- Ѓорче Петров - 83
- Студеничани - 89
- Шуто Оризари - 72
- Арачиново - 49
- Илинден - 33
- Петровец - 16
- Чучер Сандево - 16
- Сопиште - 12
- Зелениково - 2
- Странец - 3
- Нераспределен - 3

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје