X
 24.06.2022 Живот

Во Шпанија може да бидете казнети 750 евра за мокрење во морето

Градот Виго во Шпанија планира парично да ги казнува сите оние што ќе мократ во морето или на плажата. Паричната казна ќе изнесува 750 евра. Градскиот совет го дефинирал јавното мокрење како „ситен прекршок“ и „прекршување на хигиенските и санитарните прописи“.

Властите планираат да постават јавни тоалети на плажите за време на туристичката сезона. Од градот изјавиле дека може да одат и чекор понапред во казнувањето на туристите што ќе мократ во морето, без да откриваат детали.

Порано годинава, шпанските власти изјавиле дека ќе ги казнуваат оние кои не се соодветно облечени на улица, односно ќе шетаат по костим за капење. Може да бидат казнети и мажи без маица, според „Дејли мејл“.

Шпанија најави и борба против отпадот, па така ќе казнува и туристи што оставаат отпад или носат скара на плажа. Забрането е и користењето сапун во морето. Туристите нема да може ниту да играат со палка и топка на плажа или да чуваат место со крпа.

Истовремено, Мајорка и Ибица изјавија порано годинава дека на туристите ќе им биде дозволено конзумирање од најмногу 6 пијалоци дневно во хотелите. На некои места се забранува и продажбата на алкохол во продавниците по 21:30 часот.

Извор: Daily mail
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот