X
 24.08.2018 Живот

Популарна летна дестинација го напушта туристичкиот концепт „ол инклузив“

Туристичкиот сектор во Турција размислува да се откаже од концептот „ол инклузив“, односно пакети за одмор во кои е вклучено сѐ.

Според податоците од турската туристичка индустрија, системот веќе е исцрпен и покрај тоа што бројот на туристи го надмина нивото од 2014 година, додека приходите не се зголемуваат, туку се намалуваат.

Турскиот министер за туризам и култура Мехмер Ерсој смета дека нешто мора да се промени и дека земјата треба да се стреми кон раст на приходите од туризмот.

Моментално, според хотелиерите, просечниот приход по соба изнесува 76 евра дневно.

Се очекува оваа година Турција да ја посетат 36 милиони туристи, што претставува приход од околу 30 милијарди долари, односно околу 4 отсто од БДП.

Најмногу туристи се од Русија - 4,5 милиони минатата година, а по нив следуваат Германците со 3,5 милиони и Бугарите со 1,85 милион.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот