X
 24.08.2019 Живот

Што би се случило ако САД и Русија меѓусебно се бомбардираат со нуклеарно оружје?

Американски климатолози неодамна симулираа што би се случило доколку САД и Русија се нападнат меѓусебно со целото нуклеарно оружје што го имаат на располагање - и тоа е  лошо колку што очекувате.

Според нивната студија, нападите би довеле до повеќегодишна нуклеарна зима. Ќебе од саѓи би ја покрило целата планета во рок од две недели по почетокот на нападите и не би се изгубило околу една деценија.

Температурите низ целиот свет би се спуштиле во просек за 9 Целзиусови степени, пишуваат истражувачите, и би биле потребни околу три години за површинската светлина да се врати на 40 проценти од нивото пред нападите.

Оваа студија е неверојатно релевантна со оглед на моменталното затегнување на односите меѓу САД и Русија.

Месецов САД се повлекоа од нуклеарниот договор од времето на Студената војна откако ја обвинија Русија дека го прекршила - тврдење кое Русија го негираше.

Потоа САД тестираа проектил што би бил забранет според тој договор. Тоа го натера рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков да ги обвини САД за „поттикнување воени тензии“.

Ако овие тензии ескалираат до тој степен што двете светски сили се впуштаат во нуклеарна војна, според овие нови симулации, се чини дека нема да предизвикаат само нивно уништување, туку и на остатокот од планетата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот