X
 24.09.2018 Живот

Уморни сте од вашата работа? Пробајте ги овие извонредни професии

Овие луѓе имаат многу необични работни места. Прочитајте за нивната кариера и за тоа како ги извршуваат работните обврски.

1. Папараци

Обидете се да живеете во светот на фотографот Џеј Бамби додека патува во Падстоу, Корнвол, во потрага по профитабилни снимки од познатата ТВ-презентерка Ферн Бритон и од поранешниот британски премиер Дејвид Камерон. Додека плажите се преполни со туристи кои уживаат во жешкото лето, Бамби го вади својот двоглед и ги скенира туристите барајќи познати лица.



2. Полицаец за деактивирање бомби

Влезете во светот на босанскиот техничар за експлозиви Сеад Врана. Тој ја деактивирал првата нагазна мина на 17-годишна возраст како млад војник во босанската армија, во раните денови на Босанската војна. Две децении подоцна тој извршува опасни задачи, откривајќи и деактивирајќи бомби.



3. Менаџер на циркус

Зад сцената менаџерот на компанијата „Гифордс циркус“, Роксана Ику, ги отстранува сите пречки за да се осигури дека сѐ ќе оди според планот и дека публиката ќе се забавува.



4. Тренер за бокс

Тренерот Питер Стенли го подготвува својот ученик Симон Коркоран за неговото професионално дерби.



5. Следач на елени

Мајк Холидеј следи необичен елен на имотот Гленентел во Шкотска. Бројот на елени на имотот мора да биде следен.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот