X
 24.09.2019 Забава

Патува по светот, јаде, се одмора и така заработува

Алекс Шенон е Британец кој на „Инстаграм“ споделува фотографии од неговите патувања. Неговата работа е престојување во хотели, фотографирање на храната и сместувањето и поставување на фотографиите на неговиот профил на „Инстаграм“, каде што го следат околу 20.000 лица, што во светот на инфлуенсерите и не е некоја преголема бројка, имајќи предвид дека има и македонски инфлуенсери што имаат повеќе следбеници.

Во последните 18 месеци тој заработил речиси 50 илјади евра, а непрестајно добива нови понуди за работа од авионски компании, хотели и други компании.


Сè уште го нема заработено првиот милион, но неговиот живот веќе изгледа како да го заработил. Хотелите во кои се сместува, авионите со кои лета и облеката што ја носи се истите оние што ги користат и големите светски ѕвезди. Само што тој сето тоа го добива од спонзорите за да ги рекламира и за рекламите добива пари.


Во описите на неговите фотографии може да се прочита и каков вид услуги добива.


Капучино со 24-каратно злато, скап накит и посебен сладолед се само дел од работите што тој ги добива во хотелите. Овој инфлуенсер се пофали и дека во хотел во Сан Франциско му ги направиле сите јадења од менито за да може да ги проба сите и да го рекламира најдоброто.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава