X
 24.10.2018 Култура

Топ 10 дестинации за 2019 година од „Лонли планет“

Имате пасош? „Лонли планет“ само што ги објави најдобрите дестинации за патување, трендови и искуства за 2019 година.

- Ова се местата што треба да ги посетите во 2019 година и која и да е причината, треба да испланирате патување за да ги видите - пишува веб-страницата.

Шри Ланка, Германија и Зимбабве се најдоа на врвот на топ 10-те земји. Јужната нилска долина во Египет се искачи на врвот на листата со дестинации со најдобра вредност.

destinacii
Фото: Thinkstock


Како што уредниците и истражувачите работеле на неколку различни листи со најдобри места - врвни земји, региони, градови, семејни атракции, искуства во храната, хотели и слично - тие исто така барале трендови за кои патниците ќе бидат заинтересирани во новата година.

За 2019 година, врвните туристички трендови вклучуваат искуства од астротуризмот или искуства на „Ноќните неба“, од патувања што нудат набљудување на ѕвездите, до паркови со темно небо и набљудување на еклипсите. Минатата година околу 7 милиони луѓе патувале низ САД за соодветно да го доживеат затемнувањето на Сонцето. Уште еден тренд се атракциите проследени со зголемена реалност што на посетителите на музеите им даваат одлични глетки на друго време или место.

Ова се топ-10 града за 2019 година според „Лонли планет“:

1. Копенхаген, Данска
2. Шенжен, Кина
3. Нови Сад, Србија
4. Мајами, Флорида
5. Катманду, Непал
6. Мексико Сити, Мексико
7. Дакар, Сенегал
8. Сиетл, Вашингтон
9. Задар, Хрватска
10. Мекнес, Мароко
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура