X
 24.10.2019 Образование

И вработените на хрватските факултети се придружуваат на штрајкот на просветните работници

На протестот на вработените во основните и во средните училишта во Хрватска, кој трае веќе три недели, денеска ќе добијат поддршка и од вработените на факултетите.

Во првата фаза штрајкот на факултетите ќе трае само еден ден.

Вработените во основните и во средните училишта вчера ја одбележаа третата недела од штрајкот со протест во Загреб. Тие истакнаа дека им е доста од празни ветувања од страна на владата и дека ќе го продолжат штрајкот сè додека не се реши проблемот со коефициентите за сложеност на работата на просветните работници.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно вети зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за нешто повеќе од 6 отсто во три наврати од по 2 отсто, но тие не прифаќаат сè додека не се решат коефициентите за сложеност на работата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование