X
 24.11.2018 Спорт

Големите фудбалски клубови заработиле цели богатства од ТВ-права

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус заработил најмногу од телевизиските права во Европа во последните пет години - дури 406 милиони евра.

На второто место е европскиот шампион Реал Мадрид, кој заработил 46 милиони евра помалку, додека на третото место е ПСЖ со заработка од 299 милиони. Во првите пет се и Баерн Минхен со 284 милиони и Манчестер сити со 279 милиони.

Меѓу 30. клуба што во текот на изминатите пет години заработиле најмногу од телевизиските права седум се англиски. Шпанците и Германците имаат по четири претставници, а Италијанците и Французите по три.

Еве ја заработката од телевизиските права (во милиони евра):

Јувентус - 406
Реал Мадрид - 360
ПСЖ - 299
Баерн Минхен - 284
Манчестер сити - 279
Барселона - 277
Атлетико Мадрид - 272
Рома - 227
Арсенал - 219
Челси - 217
Монако - 181
Манчестер јунајтед - 172
Наполи - 171
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт