X
 24.11.2020 Живот

Ова се земјите чии жители трошат најмногу време на социјалните мрежи

Во просек, луѓето низ светот поминуваат 2 часа и 22 минути од денот на социјалните мрежи. Сепак, трендовите се различни во различни земји.

Во многу земји што се вклучени во анкетата спроведена од Глобалниот индекс за користење на интернет, користењето на социјалните мрежи се намалило или останало непроменето во првиот квартал од 2020 во споредба со 2018 и 2019.

Земјите во развој продолжуваат да трошат најмногу време на социјалните мрежи во текот на денот. Ова можеби е резултат на тоа што овие земји имаат помладо население. Филипинците поминуваат најмногу време на социјалните мрежи на глобално ниво. Просечен Филипинец поминува речиси 4 часа дневно на социјалните мрежи.


Фото: Pexels

Жителите на Нигерија најчесто поминуваат 3 часа и 42 минути дневно на социјалните мрежи, додека луѓето во Кина и во Индија поминуваат 2 и 2,5 часа дневно на социјалните мрежи, соодветно.

Користењето на социјалните мрежи не се зголемува во некои развиени пазари. Во Јапонија луѓето поминуваат просечно 46 минути дневно на социјалните мрежи. Во Германија жителите поминуваат еден час и 20 минути дневно на социјалните мрежи, додека во Велика Британија и САД се издвојуваат речиси два часа дневно за овие активности.

Автор: Катарина Бушолз
Извор: weforum.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот