X
 24.11.2021 Култура

За изгубеното и украденото богатство на македонската црква во новата книга на Снежана Филипова

За изгубеното и украденото богатство на македонската црква, за најзначајните уметнички дела, инсигнии и предмети на применетата уметност кои некогаш биле дел од трезорот на Охридската архиепископија, а денес се распрснати главно во неколку музеи во соседството. Ова е тематиката на новата книга на Снежана Филипова - „Од трезорот на Охридската архиепископија“, каде што пишува и за значајни примероци на црковен вез, реликвии, крипти, мали иконки, енколпиони, но и за раната црква во Македонија. Книгата содржи и шеесетина фотографии и скратена верзија на  текстот на англиски јазик.

Професор д-р Снежана Филипова од 2015 година е редовен професор на Институтот за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Таа има објавено над 60 стручни и научни трудови, како и седум стручни книги. Учествувала на повеќе од 80 научни конференции и конгреси во земјата и во странство. Учесник е во повеќе национални и интернационални проекти, а остварила соработка и со „Принстон“ и Виенската академија на науките и уметностите. 

фото: Филозофски факултет и ФБ-страница на „Македоника литера“


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура